Писмо од Чавушоглу до Борел во врска со случувањата и ставот на Турција во Источниот Медитеран

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во испратеното писмо до Жозеп Борел истакнува дека поради каприциозноста на Грција и кипарските Грци не треба да им се наштетува повеќе на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ)

1472659
Писмо од Чавушоглу до Борел во врска со случувањата и ставот на Турција во Источниот Медитеран

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу испрати писмо до високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, во кое го информира за актуелните случувања и ставот на Турција во Источниот Медитеран.

Чавушоглу во испратеното писмо пред состанокот на Советот за надворешни односи на Европската унија којшто на барање на Грција ќе се состане денеска, укажа на тоа дека и покрај сите повици на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) за дијалог и соработка, Грција и Јужната кипарско-грчка управа со едностраните фрлени чекори досега се во потрага по сојузи и иницијативи со цел исклучување (игнорирање) на Турција од Источниот Медитеран.  

Во писмото, Мевлут Чавушоглу нагласува дека Грција додека ги продолжуваше разговорите со Турција на 6 август го потпиша пиратскиот договор со Египет за разграничување на сферите на надлежност во морето со кој се прекршува континенталниот гребен на Турција и Либија, со што оваа земја (Грција) уште еднаш ја презентира својата безволност за започнување на чесен и искрен дијалог и соработка со Турција.

Воедно се вели дека поради каприциозноста на Грција и кипарските Грци не треба да им се наштетува повеќе на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Чавушоглу ги повика земјите членки на Европската унија (ЕУ) да застанат против евентуалниот неправеден став против Турција која низа пати досега ја изнесе својата добронамерност.

Како што се дознава, Мевлут Чавушоглу слични писма им се испратени и се праќаат и на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, министрите за надворешни работи на земјите постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) и до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Освен тоа, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во овие рамки оствари телефонски разговори и со министрите за надворешни работи на некои земји членки на Европската унија (ЕУ) како што се Бугарија, Естонија, Финска, Италија, Литванија, Унгарија и Романија, како и со високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел.

 



Слични вести