Објава од Министерството за национална одбрана на социјалната медија со бродот „МТА Оруч Реис“

Министерството за национална одбрана сподели објава со снимки на на бродот за сеизмички истражувања „МТА Оруч Реис“ кој ги започна своите активности во Источниот Медитеран, како и на турските бродови кои го придружуваат и му обезбедуваат заштита

1472608
Објава од Министерството за национална одбрана на социјалната медија со бродот „МТА Оруч Реис“

Министерството за национална одбрана соопшти дека со иста одлучност како и во првиот ден и со истите бродови продолжува да се извршува задачата на придружување и пружање заштита од страна на турските Поморски сили на бродот за сеизмички истражувања „МТА Оруч Реис“ кој ги започна своите активности во Источниот Медитеран.

Во споделената објава од страна на Министерството на својот профил на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Турските поморски сили, непоколебливите и одлучни бранители на нашите права и интереси во нашите сфери на надлежност во морето, со иста одлучност како и во првиот ден и со истите бродови продолжуваат да ја извршуваат својата задача на придружување и пружање заштита на нашиот брод за истражувања 'МТА Оруч Реис' “.

Во објавата се споделени и снимки на бродот за сеизмички истражувања „МТА Оруч Реис“ кој ги започна своите активности во Источниот Медитеран, како и на елементите на турските Поморски сили кои го придружуваат и му обезбедуваат заштита.



Слични вести