Министерот за национална одбрана Хулуси Акар примен кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) во негова придружба беа примени кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

1472643
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар примен кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој престојува во официјална посета на Азербејџан и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) во негова придружба беа примени кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Министерот Хулуси Акар заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на Поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на Воздушните сили генерал на армија Хасан Кучукакјуз ги следеа активностите на денот за елитни набљудувачи на заедничката турско-азербејџанска воена вежба, а потоа преминаа во претседателската палата во Баку.

Овде, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) беа примени кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

На приемот присуствуваше и азербејџанскиот министер за одбрана генерал на армија Закир Хасанов.



Слични вести