Ердоган: Најмал напад врз нашите цивилни бродови во Источниот Медитеран нема да остане без одговор

Претседателот Ердоган истакна дека ниту најмал напад врз цивилните бродови на Турција и врз турските бродови кои реализираат истражувања во Источниот Медитеран, нема да остане без одговор

1473110
Ердоган: Најмал напад врз нашите цивилни бродови во Источниот Медитеран нема да остане без одговор

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од џамијата Хз. Али во Ускудар во Истанбул кадешто клањаше џума намаз (петочната молитва) одговараше на прашањата на новинарите во врска со актуелниот дневен ред.

Претседателот Ердоган истакна дека ниту најмал напад врз цивилните бродови на Турција и врз турските бродови кои реализираат истражувања во Источниот Медитеран, нема да остане без одговор.

„Оруч Реис ќе ги продолжи своите активности до 23 август. За тоа разговаравме вчера со германската канцеларка Ангела Меркел. Самата не замоли да ја омекнеме оваа работа, ни рече процесот да го развиеме со позаштитувачко сфаќање. Постигнавме согласност. Госпоѓата канцеларка разговараше и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Се надевам дека го сведела Мицотакис на точка што ни ја кажа нам.“ - рече Ердоган.

Претседателот Ердоган воедно го повика грчкиот премиер Киријакос Мицотакис да покажува почит кон меѓународното право и го истакна следното: „Отворија оган врз гробиштата на нашите сонародници во Западна Тракија. Тоа никако не се поволни сигнали. Ние нема да ги оставиме сами нашите сонародници и живи и нивните мртви. Тогаш кога ќе дојде времето и часот ќе го направиме неопходното. Би сакал тоа да го истакнам мошне отворено и јасно.“

Претседателот Ердоган се осврна и на потпишаниот договор помеѓу Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Израел во врска со што го даде сигналот дека Турција би можела да фрли чекор од видот на суспендирање на дипломатските односи со управата на Абу Даби.

“Солидарноста во моментов со Израел било помеѓу Египет било помеѓу Грција, чекорот фрлен кон Палестина е чекор којшто не може да се прифати. И ние би можеле да фрлиме чекор за суспендирање особено на дипломатските односи со управата на Абу Даби или повлекување на нашиот амбасадор. Ние сме покрај палетсинскиот народ. И никогаш не им ја препуштивме и нема да им ја препуштиме Палестина.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Исто така и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека за растечката затегнатост во Источниот Медитеран не е одговорна Турција, туку Грција.

Чавушоглу по одржаната средба со својот швајцарски колега Игнацио Касис одржа состанок за претставниците на печатот.

Велејќи „Затегнатоста во Источниот Медитеран се зголеми, меѓутоа одговорна за тоа не е Турција, уку Грција“, Мевлут Чавушоглу го додаде следното: „Ние за започнување на нашите активности за дупчење (сондажа) чекавме со трпение до 2018 година. Меѓутоа, ѝ Грција ѝ Кипарско-грчкиот дел почнувајќи уште од 2000-тите години ги започнаа своите еднострани активности.“

Чавушоглу нагласи дека согласно тоа и Турција беше приморена да фрли одреден чекор и својот говор го продолжи со следните зборови: „На молба на земјите на Европската унија (ЕУ) и особено на привремениот претседавач Германија ние покажавме добра волја. Не замолија да ги сопреме за привремено нашите активности. Ние покажавме добра волја. Меѓутоа во текот на овој процес Грција, без да знаат за тоа Германија и другите земји, отиде и потпиша договор со Египет. Тоа не е се истоветува со добрата волја.“

„Неприфатливо е тоа што Грција фрли еден ваков чекор додека овие земји и Европската унија (ЕУ) независно од содржината на договорот, водеа вакви напори. Ако постои една земја за обвинување, таа е Грција. И ние по овој договор нашиот брод за сеизмички истражувања 'Оруч Реис“ го испративме во нашиот континентален гребем. Ние сме на страната на дипломатијата. Ако Грција вели дека таа ги одредува правилата, тоа нема да оди така. Доколку Грција извршува обиди за вознемирување на бродот 'Оруч Реис' ќе го добие потребниот одговор.“ - рече Чавушоглу.

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу исто така покажа реакција и против постигнатиот договор помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во врска со што рече: „Овој договор не е во услуга на палестинската кауза. Приредуваат игра за ослабување на Палестина. Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)) водат обиди за дестабилизација на регионот. За сопствените интереси ја проневерува палестинската кауза.“

 



Слични вести