Во подрачјето на операцијата Маслиново гранче се приведени 20 терористи на ПКК/ЈПГ

Борбата против тероризмот продолжува со одлучност и внатре во границите на земјата и надвор преку границата

1472237
Во подрачјето на операцијата Маслиново гранче се приведени 20 терористи на ПКК/ЈПГ

Во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во северниот дел на Сирија се приведени 20 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката ПКК/ЈПГ за кои е установено дека водат терористички активности во подрачјето.

Борбата против тероризмот продолжува со одлучност и внатре во границите на земјата и надвор преку границата.

Во тие рамки постојано се спречуваат и обидите и активностите за префрлување на терористите во областите исчистени од тероризмот во северниот дел на Сирија.

Во последното објавено соопштение од Министерството за национална одбрана е споделена информацијата дека 20 терористи на ПКК/ЈПГ за кои е установено дека водат терористички активности во подрачјето на операцијата Маслиново гранче се приведени без да успеат да ги реализираат своите предавнички планови во подрачјето.

Инаку, Турските вооружени сили (ТВС) со операцијата Маслиново гранче која ја започнаа на 20 јануари 2018 година го исчистија од тероризмот подрачјето на градчето Африн кај градот Алепо на северот на Сирија.



Слични вести