Турската крајбрежна стража спаси 103 мигранти турнати од страна на грчката крајбрежна стража

Екипите на Командата на крајбрежната стража на Турција по добиени информации дека на гумен чамец во близина на Бадемли и Денизќој вонаселеното место Дикили кај градот Измир се наоѓаат мигранти реализира операција и спасија вкупно 103 турнати мигранти

1472453
Турската крајбрежна стража спаси 103 мигранти турнати од страна на грчката крајбрежна стража

Турската крајбрежна стража спаси 103 мигранти кои од страна на екипите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) кон турските територијални води.

Екипите на Командата на крајбрежната стража на Турција по добиени информации дека на гумен чамец во близина на Бадемли и Денизќој вонаселеното место Дикили кај градот Измир се наоѓаат мигранти реализираа операција и спасија вкупно 103 турнати мигранти.

Од водите на Егејското Море во близина на Денизќој се спасени 46 мигранти, а во близина на Бадемли уште 57 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) кон турските територијални води.

Спасените мигранти кои беа извадени на копно по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на Управата за миграција во Измир.



Слични вести