Претседателот Ердоган разговараше телефонски со германската канцеларка Меркел за Источниот Медитеран

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел посветен на случувањата во Источниот Медитеран и други актуелни регионални прашања

1472412
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со германската канцеларка Меркел за Источниот Медитеран

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел.

Главна точка на дневниот ред на телефонскиот разговор беа случувањата во Источниот Медитеран и други актуелни регионални прашања.

Соопштение во врска со разговорот пристигна од одделот за комуникации на претседателството.

Според тоа, претседателот Ердоган во телефонскиот разговор истакна дека Турција е на страна на решавање на проблемите во Источниот Медитеран во рамките на меѓународното право и на основа на дијалог.

Во телефонскиот разговор освен за случувањата во Источниот Медитеран стана збор и за други актуелни регионални прашања, воедно беше направена проценка и на чекорите во правец на развивање на односите помеѓу Турција и Германија.



Слични вести