Претседателот Ердоган: „Грција е страната која ја разгорува напнатоста во Медитеранот, а не Турција“

Уште еднаш ја повикувам Грција да ги почитува правата и правото на Турција

1472231
Претседателот Ердоган: „Грција е страната која ја разгорува напнатоста во Медитеранот, а не Турција“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган: рече дека „Грција е страната која ја разгорува напнатоста во Медитеранот, а не Турција, бидејќи се обидува да не игноритра нас и ТРСК“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со Источниот Медитеран рече никој не треба да се преувеличува пред огледалото и да не заморува со шоу изведби.

Претседателот на државата и владејачката Партија за правда и развој (АКП) Ердоган во говорот на состанокот на градските организации на партијата во седиштето на партијата рече дека вечерва ќе оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел.

„Нашата цел не е како некои да се сликаме, да излеземе пред камерите и да правиме шоу. Ние во Либан се наоѓаме согласно вечното и вековно братство. Чекорите што ги преземаме за обезбедување и заштита на правата и интересите во Источниот Медитеран, како од аспект на внатрешната така и од надворешната политика се претворија во лакмусова хартија.

Никој не треба да се преувеличува пред огледалото, Отворено и јасно велам, никој не треба да прави шоу.  

Напнатоста во Медитеранот ја зголемува кипарско-грчкиот менталитет кој се обидува да ја изолира Турција и ТРСК. Не немаме никакви претензии кон правата на другите, но исто така на ниту една земја нема да и дозволиме да ги прегази и искористи нашите права.

Сите оние коишто вршат напади на моите сонародници, браќа, треба добро да знаат дека освен тоа што ќе поднесат сметка пред меѓународното право, исто така ќе положат сметка и со други методи.

Навистина е несфатливо и неразумно барањето право за поморско овластување преку островот Меис (Мегисти) кое се наоѓа на 2 км од крајбрежјето на Турција, а на 580 км од грчкото копно. Во оваа прилика ја предупредувам и ЕУ. Дали една ваша земја членка, ја остварува одговорноста за заштита согласно правото на ЕУ или правото на малцинствата? Сметката за тоа, ЕУ треба да ја бара од грчката управа. Тврдењето за површината од 10 км под изговор дека поседува 40 илјади километри квадратни морска површина, освен тоа што е смешна од аспект на меѓународното право, исто така е и неосновано. Уште еднаш ја повикувам Грција да ги почитува правата и правото на Турција“ рече претседателот Ердоган.



Слични вести