Министерот Акар и турскиот воен команден кадар престојуваат во посета на Азербејџан

Во делегацијата учествуваат началникот на ГШ, командантот на копнените сили, командантот на поморските сили и командантот на воздушните сили

1472066
Министерот Акар и турскиот воен команден кадар престојуваат во посета на Азербејџан

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и делегацијата во негова придружба составена од турскиот воен команден кадар престојуваат во посета на Азербејџан.

Во делегацијата која го придружува Министерот Акар учествуваат началникот на ГШ, генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили генерал на армија Умит Диндар, командантот на поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз.

Во рамките на посетата на Азербејџан, Акар и воениот команден кадар на Турските вооружени сили (ТВС) ќе учествуваат на Денот на истакнатиот набљудувач на Заедничката турско–азербејџанска баталјонска воена вежба со вистински куршуми, а исто така ќе бидат примени од страна на претседателот Илхам АЛијев.



Слични вести