Започна операцијата „Молња-5“ во подрачјето на планините Аманослар кај Хатај

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу информира дека утрово со учество на 1.448 припадници на жандармеријата и полицијата против терористите во подрачјето на планините Аманослар е започната операцијата „Молња-5“

1471530
Започна операцијата „Молња-5“ во подрачјето на планините Аманослар кај Хатај

Турските безбедносни сили ја започнаа операцијата „Молња-5“ против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето на планините Аманослар.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во Анкара учествуваше на програмата за отворање на курсот за основна обука за криминално испитување при елементарни непогоди.

Во говорот што го одржа овде, министерот Сулејман Сојлу рече: „Со персонал од 1.448 наши припадници од утрово на Аманослар (планините) е започната операцијата Молња-5.“

По оваа изјава на министерот Сојлу, беше објавеното писмено соопштение и од страна на Министерството за внатрешни работи во кое се нагласува дека под раководство и команда на регионалната команда на жандармеријата во Адана во операцијата учествува персонал од 1.448 припадници од тимови на жандармериски командоси, специјални жандармериски сили (JÖH), специјални полициски сили (PÖH) и безбедносни чувари. 

Соопштено е дека во рамките на операциите Молња 1-2-3-4 коишто се реализираат за целосно елиминирање на тероризмот внатре во земјата, досега се неутрализирани вкупно 15 терористи.

Споделена е информацијата дека во истите овие операции се уништени 30 пештери, засолништа и складишта и дека се запленети големи количини оружје и муниција, како и храна и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се додава и следното: „Операциите Молња (Yıldırım) со поддршка на нашиот народ продолжуваат со верба и успешно.“



Слични вести