Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани уште двајца терористи

Турција ја продолжува со одлучност својата борба против терористите, како внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата

1471298
Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани уште двајца терористи

Во реализирана прекугранична воздушна операција во областа Зап во северниот дел на Ирак се неутрализирани уште двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Министерството за национална одбрана заедно со оваа вест на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава во која се потсетува и на 15 годишното момче Ерен Булбул кое на 11 август 2017 година во руралното подрачје на населеното место Мачка кај градот Трабзон, беше убиено од страна на терористите на ПКК.

Во објавата на Министерството се вели следното: „Не остана на земјата (неосветена) крвта на ниту еден наш шехид, и нема да остане. Добро е што те има Ерен. Не те заборавивме и тебе и сите наши шехиди. Ви посакуваме милост од Аллах.“



Слични вести