Турција му достави нова медицинска помош на Либан по експлозијата во Бејрут

Во либанскиот главен град Бејрут слета и вториот карго авион на Турските вооружени сили (ТВС) натоварен со помош составена од медицински материјали

1471245
Турција му достави нова медицинска помош на Либан по експлозијата во Бејрут

Воениот карго авион од типот А 400М во сопственост на Турските вооружени сили (ТВС) натоварен со помош во медицински материјали наменети за Либан, слета во главниот град на оваа земја Бејрут.

По силната експлозија на 4 август, Турција и претходно исто така со воен карго авион од типот А 400М му испрати помош на Либан.

Исто така и голем број граѓански организации од Турција веднаш по силната експлозија со која беше потресен Бејрут пристигнаа во областа и се вклучија во активностите за пребарување и спасување, кревање на рушевините и со цел доставување поддршка и доделување хуманитарна помош на настраданите.

Во меѓувреме, со цел обезбедување на итната потреба од храна којашто се појави поради уништувањето и оштетувањето на силосите со житарици, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) се очекува во наредните денови да му испрати на Либан и помош од приближно 400 тони пченица.



Слични вести