Објава од Ердоган со фотографијата на Ерен Булбул кој беше убиен од страна на терористите

Претседателот Ердоган на третата годишнина од одбележувањето на смртта на 15 годишното момче Ерен Булбул сподели објава со неговата фотографија на којашто пишуваше „Добро е што те има Ерен“

1471326
Објава од Ердоган со фотографијата на Ерен Булбул кој беше убиен од страна на терористите

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со 15 годишното момче Ерен Булбул кое на 11 август 2017 година во руралното подрачје на населеното место Мачка кај градот Трабзон, беше убиено од страна на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК .

Ердоган во својата објава истакна дека не беше оставена на земјата (неосветена) крвта на Ерен Булбул кој беше убиен од страна на терористите на ПКК. 

Претседателот Ердоган заедно со својата објава ја сподели и фотографијата на Ерен Булбул на којашто пишуваше „Добро е што те има Ерен“.

„На третата годишнина од неговиот шехадет (неговото убивање), не ја оставивме на земјата (неосветена) крвта на нашето чедо Ерен кое беше убиено на свиреп начин од страна на терористичката организација ПКК, меѓутоа болката се уште е свежа во нашите срца. Заедно со Ерен Булбул, со милост и благодарност се сеќавам на сите наши шехиди кои без да трепнат го положиле својот живот за татковината.“



Слични вести