Дваесет и четврта заедничка турско-руска копнена патрола на Автопатот М-4 во Идлиб, во Сирија

Министерството за национална одбрана соопшти дека денеска на Автопатот М-4 во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија е реализирана дваесет и четвртата заедничка турско-руска копнена патрола

1471748
Дваесет и четврта заедничка турско-руска копнена патрола на Автопатот М-4 во Идлиб, во Сирија

На Автопатот М-4 во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија и со учество на копнените и воздушните елементи на Турција и Русија, е реализирана дваесет и четвртата заедничка турско-руска копнена патрола.

Соопштението во врска со заедничката патрола е објавено на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер. 

Во соопштението се истакнува следното: „Во рамките на меморандумот помеѓу Турција и Руската Федерација, на Автопатот М-4 во Идлиб во должина на целата утврдена маршрута помеѓу Трумбах и Ајн Ал Хавр, со учество на копнените и воздушните елементи е реализирана дваесет и четвртата заедничка турско-руска копнена патрола.“

На профилот на Министерството за национална одбрана беа споделени и фотографии во врска со реализираната заедничка патрола. 

Првата заедничка патрола на турските и руските единици беше реализирана на 15 март.



Слични вести