Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 227 089

Во последните 24 часа се остварени 67 237 тестови од кои 1 212 беа позитивни

1471845
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 227 089

Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа достигна 18 и вкупно изнесува 5 891 лица.

Во истиот период беа остварени 67 237 тестови од кои 1 212 беа позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 934 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои се отпуштени од болница изнесува 227 089.



Слични вести