Турција остро реагираше на грчкото соопштение во врска со бродот „Оруч Реис“

Турција има и располага со доволна моќ и способност да ги уништи сите сили на злото кои се собраа против неа во Медитеранот

1470551
Турција остро реагираше на грчкото соопштение во врска со бродот „Оруч Реис“

Турција има и располага со доволна моќ и способност да ги уништи сите сили на злото кои се собраа против неа во Медитеранот.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој објави писмен одговор на соопштението на Грчкото министерството за надворешни работи во врска со активностите на турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Реис“  во Источниот Медитеран.

Аксој потсети дека активностите за истражување во континенталниот гребен кои од страна на Турција беа пријавени на ОН и се остваруваа од страна на Турската нафтена компанија ТПАО со одобрение на Владата на Турција, по инструкција на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во јули беа одложени на одреден период.

На молба на Германија и ЕУ, со цел да се даде можност на дипломатијата и повторно да заживеат дипломатските преговори и дијалогот, за жал овој гест на добра волја на Турција не наиде на потребното разбирање.

Портпаролот Аксој остро реагираше на минатонеделното потпишување на наводниот Договор за ограничување на поморските јурисдикции меѓу Грција и Египет и во врска со тоа истакна:

„Грција со потпишувањето на пиратскиот договор со Египет на 6 август 2020 уште еднаш покажа дека не е искрена во однос на дијалогот.“

Со овој договор се прекршува континенталниот гребен на Турција и Либија во Источниот Медитеран, поради што турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруче Реис“ повторно започна со претходно планираните сеизмички истражувања.

Приговорите на Грција немаат никаква правна основа. Грција е страната којашто ги зголемуваа тензиите во Медитеранот, а не Турција.

Никој нема право да ја изолира нашата земја од Медитеранот кој со векови беше под трска хегемонија. Сите оние коишто ќе се раководат со мотото „Јас сум единствениот стопан на Медитеранот“ ќе бидат изложени на пораз и разочарување. Турција има и располага со доволна моќ и способност да ги уништи сите сили на злото кои се собраа против неа во Медитеранот“ рече Аксој.



Слични вести