Повик од Турција до Ерменија: „Откажете се од агресивните националистички политики“

Договорот од Севр потпишан на 10 август 1920 претставува одраз на волјата за распарчување на нашата татковина по Првата светска војна

1470797
Повик од Турција до Ерменија: „Откажете се од агресивните националистички политики“

 

Турција ја повика Ерменија да се откаже од агресивните националистички политики.

Министерството за надворешни работи (МНР) наспроти ерменските изјави во врска со 100-та годишнина од потпишувањето на Договорот од Севр, објави писмено соопштение во кое беше истакнато следното:

„Договорот од Севр потпишан на 10 август 1920 претставува одраз на волјата за распарчување на нашата татковина по Првата светска војна, како и укинување на нашата независност и сувереност. Тоа е документ со кој јасно се изнесува бесрамната намера и планови за окупација и уништување. Турскиот народ, како резултат на херојската Народноослободителна борба што ја водеше против окупаторите, на 24 јули 1923 година со потпишувањето на Договорот во Лозана го скина Договорот од Севр, кој беше фрлен во буништето на историјата. Воопшто не не зачудува фактот дека сите оние коишто не можеле да извлечат поука од минатото и кои продолжуваат со непријателство и покрај изминат еден век, денес повторно се надеваат на некои ветувања од овој договор.

Апсурдно и бесмислено е што денес, управата на една земја која што е неспособна да го прехрани својот народ, 100 години подоцна од турскиот народ кој го фрлил овој договор, повторно да го изнесе договорот од Севр. Затоа сите оние коишто се хранат со вакви подмолни цели, треба да знаат дека истите ќе им останат само неисполнети желби наспроти цврста одлучност на турскиот народ за неделивоста на татковината и териториите како и продолжување на стабилноста. Ерменија како земја која што со години продолжува со нелегитимната окупација на азербејџанските територии, е основната пречка за невоспоставување на мирот и стабилноста во регионот. Дојде време Ерменија да се откаже од агресивните националистички политики и да си го собере умот“ беше подвлечено во соопштението на МНР.



Слични вести