МНР на Турција сподели карта на активностите на бродот „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран

МНР ја сподели картата на којашто се прикажува областа кадешто бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ ги реализира своите активности во Источниот Медитеран во морските граници за кои Турција ги извести Обединетите нации (ОН)

1471183
МНР на Турција сподели карта на активностите на бродот „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран

Министерството за надворешни работи ја сподели картата на којашто се прикажува областа кадешто бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ ги реализира своите активности во Источниот Медитеран во морските граници за кои Турција ги извести Обединетите нации (ОН).

На картата, освен сферите на надлежност на Турција во морето се одбележани и нафтените зони со издадена лиценца.

Генералниот директор за билатерални политички односи и поморство-воздухопловство-граници при Министерството за надворшени работи амбасадорот Чагатај Ерџијес во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Поради грчкиот остров од 10 квадратни километри по име Кастелоризо (Меис) на оддалеченост од 580 километри од континентална Грција, Грција барајќи сфера на надлежност во морето од 40.000 квадратни километри, се обидува да го сопре „Оруч Реис“ и да го затвори Источниот Медитеран за Турција.“

Привлекувајќи внимание дека ова тврдење на Грција не се истоветува со меѓународното право, Чагатај Ерџијес го истакна следното: „Ова мексималистичко тврдење не е во усогласеност со меѓународното право. Е во спротивност со принципот на правичност. Меѓутоа, Грција бара од Европската унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД) до го поддржат ова тврдење и да извршат притисок врз Турција за стопирање на своите легитимни јаглеводородни активности. Тоа не е прифатливо и разумно. Овие земји наместо тоа, треба да побараат од Грција да стави крај на своите неправедни, незаконски и апсуртни тврдења. Турција не е страната која создава затегнатост во регионот, таа е Грција поради овие нејзини максималистички тврдења.“

 



Слични вести