ЕУ не треба да дозволи Грција, цела Европа да ја претвори во грчки театар

Грција гестот на Турција наместо да го искористи како можност за изнаоѓање решение, повторно ја изнесе својата неискреност и лицемерност и со Египет постигна пиратски договор

1471008
ЕУ не треба да дозволи Грција, цела Европа да ја претвори во грчки театар

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партија) Омер Челик рече дека дека ЕУ не треба да дозволи една Грција, цела Европа да ја претвори во „грчки театар“.

Челик во објавата преку профилот на твитер во врска со случувањата во Источнот Медитеран упати повик до ЕУ за одржување состанок во врска со неправедните, незаконски и агресивни политики на Грција.

„Согласно инструкциите на претседателот Ердоган фрливме сериозни чекори за отворање на патот на дипломатијата и преговорите. Турција јасно го изнесе својот мировен став, даде шанса на дипломатијата и фрли чекори на добра волја за заживување на каналите за дијалог и комуникација. “

Но Грција како и секогаш, дипломатијата се обиде да ја претвори во „грчки театар. Грција гестот на Турција наместо да го искористи како можност за изнаоѓање решение, повторно ја изнесе својата неискреност и лицемерност и со Египет постигна пиратски договор. Овој наводен договор, освен тоа што се коси со меѓународното право и легитимниот договор што го потпишаа Турција и Либија во однос на Источниот Медитеран, исто така претставува одраз на занемарување на добрата волја на Турција од страна на грчката страна.

Гледано од аспект на нивото што е постигнато, Турција е решителна во доследното искористување на правата кои произлегуваат од меѓнародното право и спроведување на претходно планираните активности.

Активностите коишто се реализираат се остваруваат во рамките на поимот „Сина татковина“ и не станува збор за прашање кое ја засега Грција.

Последниот настан покажа дека Грција е страната којашто ја зголемува напнатоста во Медитеранот, а не Турција. Европа сеуште се влечка по нерешливите политики на Грција која ги наметнува. Европа не треба да биде играчка на политичката сцена на Грција.

Грција нема право на било каков приговор на активностите на Турција бидејќи не се засноваат на никаква правна или легитимна основа.

Тврдењето за спречување на континенталниот гребен на Турција во регионот со грчките острови се коси со праведноста на меѓународното право. Грција треба да се откаже од авантурите на присвојување и узурпација. Занемарувањето на нашата перцепција за „Сина татковина“ во Медитеранот е осудено на заблуда. Нашата држава е доволно силна, решителна и поседува способност да ги одбрани своите и правата и интересите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Медитеранот.

Инструкциите на нашиот претседател се доволно концизни. Бродот „Оруч Реис“ ќе продолжи со активностите на сеизмички истражувања во рамките на границите кои што ги пријави на ОН. Нашите херојски вооружен сили нема да дозволат никаква воена интервенција на нашиот брод“ заклучи портпаролот Челик.

 



Слични вести