Чавушоглу: Ќе ги браниме до крај правата ѝ на Турција ѝ на кипарските Турци во Источниот Медитеран

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека ќе бидат одбранети до крај правата ѝ на Турција ѝ на кипарските Турци во Источниот Медитеран и дека нема да се направи отстапки од тоа

1471205
Чавушоглу: Ќе ги браниме до крај правата ѝ на Турција ѝ на кипарските Турци во Источниот Медитеран

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара се состана со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов со кого по остварената средба лице в лице одржаа и заедничка прес конференција.

Овде, Чавушоглу освен за односите помеѓу Турција и Азербејџан и затегнатоста со Ерменија, се осврна и на развојот на случувањата во Источниот Медитеран.

Мевлут Чавушоглу истакна дека ќе бидат одбранети до крај правата ѝ на Турција ѝ на кипарските Турци во Источниот Медитеран и дека нема да се направи отстапки од тоа.

Чавушоглу напомена дека ќе се издаде лиценца за западните граници на континенталниот гребен на Турција во Источниот Медитеран и дека активностите за сондажа (дупчење) ќе продолжат.

Велејќи дека Турција со Азербејџан работи со разбирањето „еден народ две држави“ и дека ќе продолжи да се работи со ова разбирање и во иднина, министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу истакна дека во тој контекст обемот на билатералната трговија помеѓу двете земји треба да се зголеми на 15 милијарди долари.

Тој укажа дека растат меѓусебните инвестирања помеѓу Турција и Азербејџан и објасни дека најголемите проекти во Турција особено во сферата на енергијата ги реализира Азербејџан.

Во однос на присутната затегнатост помеѓу Азербејџан и Ерменија, Чавушоглу рече: „Ерменија не сака да се постигне решение, ги продолжува своите напади. Кое решение ќе го избере Азербејџан ние сме на негова страна.“

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов исто така во својот говор истакна дека односите помеѓу Турција и Азербејџан се развиваат во секоја сфера и расте трговскиот обем помеѓу двете земји.

Потоа, азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов беше примен кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Остварениот прием во претседателската палата „Куллијето“ во Анкара траеше околу 45 минути.



Слични вести