Во воздушна операција на сверот на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализирана воздушна операција на областа Авашин во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1470021
Во воздушна операција на сверот на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Во реализирана прекугранична воздушна операција на областа Авашин во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана преку социјалната медија се нагласува дека со одлучност продолжуваат операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во споделената објава на профилот на Министерството заземаат место и снимки од прекуграничната воздушна операција и се истакнува следното: „Со реализирана воздушна операција се неутрализирани тројца терористи, утврдени во областа Авашин на северот на Ирак. Нашите операции ќе продолжат се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.“



Слични вести