Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ во Источниот Медитеран

Согласно новата објавена навигациска информација од страна на Турција турските бродови „Оруч Реис“, „Атман“ и „Џенгиз Хан“ ќе реализираат заеднички сеизмички истражувања во претходно соопштената зона во близина на островот Кипар во Источниот Медитеран

1470067
Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ во Источниот Медитеран

Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) за своите сеизмички истражувања коишто ќе ги реализира бродот „Оруч Реис“ до 23 август во Источниот Медитеран.

Според тоа, турските бродови „Оруч Реис“, „Атаман“ и „Џенгиз Хан“ ќе реализираат заеднички сеизмички истражувања во претходно соопштената зона во близина на островот Кипар во Источниот Медитеран.

Инаку, бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ на чело со пребарувања на природни реусрси во континенталниот гребен може да реализира секој вид геолошки, геофизички, хидрографски и океанографски истражувања.

На бродот „Оруч Реис“ кој е едниот од ретките целосно опремени и повеќе наменски бродови за истражување можат да се вршат воедно и дво и тро димензионални сеизмички, гравитациски и магнетни геофизички истражувања во морето. 

„Оруч Реис“ може да реализира тродимензионални сеизмички операции на длабочина до 8.000 метри и дводимензионални сеизмички операции на длабочина до 15.000 метри во морето.

Од друга страна, министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез истакна дека бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ отплови од Анталија за својата нова задача и дека пристигна на местото кадешто ќе врши истражувања.

Министерот Фатих Донмез во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека Турција за својата енергетска независност ќе ги продолжи непрестано своите активности за истражување во Средоземното Море и Црното Море.

Донмез ја сподели и фотографијата на бродот „Оруч Реис“.



Слични вести