Историски повик од претседателот Ердоган за Медитеранот

Дојдете да се состанеме и да најдеме заедничко решение за Медитеранот

1470524
Историски повик од претседателот Ердоган за Медитеранот

 

„Дојдете сите Медитерански земји да се состанеме. Да најдеме прифатливо решение за сите кое истовремено ќе ги штити правата на сите.“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по вчерашниот состанок на кабинетот упати историски повик во врска со Источниот Медитеран, кое прашање претставува една од основните причини за зголемување на напнатоста во регионот.

Турција секогаш е спремна недоразбирањата во врска со Источниот Медитеран да ги реши по пат на дијалог и праведна распределба.

Турција нема никакви претензии кон легитимните права на другите земји како и нивниот територијален интегритет и морето.

Но исто така нема да бидеме согласни да бидеме затворени само на нашето крајбрежје.

Затоа ги повикуваме сите медитерански земји да се состанеме. Да најдеме решение кое ќе ги заштити правата на сите.

Се додека не преовлада здрав разум во однос на прашањето, Турција како на терен така и на дипломатски пат ќе продолжи со реализираањето на своите планови“ рече претсдетаелот Ердоган.



Слични вести