Ердоган: Вредноста на нашите инвестирања во здравството беше подобро разбрана во периодот на пандемијата

Претседателот Ердоган истакна дека вредноста инвестирањата во здравството беше подобро разбрана во периодот на пандемијата и дека барањата за поддршка во здравствени материјали на 150 земји и 6 меѓународни организации беа обезбедени од страна на Турција

1469844
Ердоган: Вредноста на нашите инвестирања во здравството беше подобро разбрана во периодот на пандемијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера учествуваше на церемонијата на свечено отворање на Здравствените постројки и Центри за истражување на Универзитетот Коџаели.

Во говорот што го одржа овде, претседателот Ердоган истакна дека барањата за поддршка во здравствени материјали на 150 земји и 6 меѓународни организации во процесот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се обезбедени од страна на Турција.

Велејќи дека вредноста на инвестирањата во здравството беше подобро разбрана во периодот на пандемијата, Ердоган рече: „Нашите градски болници во периодот на пандемијата беа едните од нашите здравствени постројки коишто ги искористивме најмногу и со кои се гоордеевме најмногу.“

„Не вративме ниту еден наш граѓанин од вратата на болницата, не го запоставивме лекувањето на ниту еден пациент“ - истакна претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и го додаде следното: „Барањето за поддршка во здравствени материјали на 150 земји и 6 меѓународни организации го обезбедивме ние.“

 



Слични вести