Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 224 970

Во последните 24 часа беа остварени 62 219 тестови од кои 1 193 беа позитивни

1470527
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 224 970

Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа достигна 14 и вкупно изнесува 5 858 лица.

Во истиот период беа остварени 62 219 тестови од кои 1 193 беа позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 1 211 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои се отпуштени од болница изнесува 224 970.



Слични вести