Во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана соопшти дека турските командоси во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во северниот дел на Ирак стана шехид (загина) еден турски војник, двајца се ранети, а се неутрализирани 5 терористи

1469518
Во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак загина еден турски војник

Во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, стана шехид (загина) еден турски војник, двајца се ранети, а се неутрализирани 5 мина терористи.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во вооружена престрелка со терористите во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во северниот дел на Ирак беа ранети тројца терористи кои беа префрлени на лекување во болница, меѓутоа и покрај сите напори на лекарите еден војник им подлегна на раните и стана шехид (загина).

Во вооружената престрелка се неутрализирани 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести