Министерот Хулуси Акар и воените команданти во обиколка на единиците на ирачката граница

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантот на Копнените сили генерал на армија Умит Дундар во обиколка на единиците на ирачката граница кај градот Ширнак

1469729
Министерот Хулуси Акар и воените команданти во обиколка на единиците на ирачката граница

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантот на Копнените сили генерал на армија Умит Дундар се наоѓаат во обиколка и на посета на единиците на границата со Ирак.

Министерот Акар и воените команданти во негова придружба на аеродромот Шрафеттин Елчи во градот Ширнак беа пречекани од страна на командантот на Втората армија генерал полковник Симан Јајла и други функционери.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантот на Копнените сили генерал на армија Умит Дундар оттука се качија на хеликоптер и беа во обиколка на единиците на границата со Ирак.

Во рамките на оваа своја посета и обиколка министерот Акар и воените команданти во негова придружба пристигнаа во една воена база на нултата точка на границата кадешто беа информирани за овдешните активности и им издадоа инструкции на војниците.

Командантот на единицата го бакна и го презеде турското знаме кое му беше предадено од страна на министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Обиколката и надзорот на министерот за национална одбрана Хулуси Акар и воените команданти на воените единици на границата со Ирак продолжуваат.



Слични вести