Ердоган: Зависноста на Турција во одбранбената индустрија од 70 отсто е намалена на 30 отсто

Претседателот Ердоган истакна дека зависноста на Турција во одбранбената индустрија од 70 отсто е намалена на 30 отсто и рече дека со одлучност се чекори кон целта за голема и силна Турција

1469800
Ердоган: Зависноста на Турција во одбранбената индустрија од 70 отсто е намалена на 30 отсто

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во населеното место Гебзе кај градот Коџаели учествуваше на церемонијата на свечено отворање на Центрите за извонредност на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУВИТАК). 

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека процентот на зависност на Турција во одбранбената индустрија од 70 отсто е намален на околу 30 отсто. 

„Со одлучност чекориме кон нашата цел за голема и силна Турција.“ - рече Ердоган.

Велејќи дека се има за цел Турција да биде доведена во состојба на една од лидерските земји на 21-от век, претседателот Ердоган во врска со работите за пронаоѓање на вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) истакна дека на списокот на Светската здравствена организација (СЗО) Турција по САД и Кина се наоѓа на трето место меѓу земјите кои развиваат домашна вакцина.

Тој информира дека Платформата Ковид-19 на Турција којашто е формирана под водство на ТУБИТАК води 8 различни проекти за вакцина и 19 различни проекти за лек.

Претседателот Ердоган рече: „Во соработка со приватниот сектор, универзитетите и државата постигнуваме значаен развој и во нашите проекти за развивање на вакцина и лек против Ковид-19.“ 

Информирајќи дека успешно се завршени тестирањата врз животни на двете кандидати за вакцина во активностите за пронаоѓање на вакцина, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Дури едната од нив доби одобрение од етичкиот совет и е дојдена во фаза на клинички тестирања врз луѓе.“



Слични вести