Благодарност од Либан до Турција за испратената итна медицинска помош по експлозијата во Бејрут

Поранешниот премиер на Либан Фуад Сињора им се заблагодари на Турција и на претседателот Реџеп за доставената помош и поддршка по експлозијата во пристаништето на главниот град Бејрут

1469534
Благодарност од Либан до Турција за испратената итна медицинска помош по експлозијата во Бејрут

Поранешниот премиер на Либан Фуад Сињора објави писмено соопштение во кое им се заблагодари на Турција и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за испратената итна медицинска помош по експлозијата којашто се случи во пристаништето на главниот град Бејрут.

Сињора рече: "Благодариме за љубезната, дарежлива, брза, братска и хумана иницијатива којашто ја започна претседателот Ердоган и пристигна со посетата на потпретседателот Фуат Октај на Либан". 

Фуад Сињора ја изнесе и следната констатација: "Претседателот Ердоган со љубезната и дарежлива помош докажа дека е драгоцен и голем пријател на либанскиот народ."

Велејќи дека од Турција е добиена помош во сферите на здравството, храната и медицински материјали, Сињора потсети дека исти така и е предложена помош на неговата земја за повторната изградба на пристаништето на Бејрут. 

Инаку, на 4 август во магацинот број 12 во пристаништето на Бејрут во кој се наоѓале 2.750 тони амониум нитрат најприв се појави пожар, а потоа дојде до силна експлозија која го затресе целиот главен град.

Бројот на загинатите во експлозијата се зголеми на 158 лица, а повеќе од 6 илјади лица се ранети.

Гувернерот на Бејрут Мерван Абуд истакна дека причинетата штета од експлозијата во пристаништето на Бејрут би можела да изнесува од 10 до 15 милијарди долари.



Слични вести