Продолжува заедничката воена вежба на Турција и Азербејџан „Орел ТурАз 2020“

Продолжува заедничката воена вежба на Турција и Азербејџан „Орел ТурАз 2020“ („TurAz Kartalı 2020“) која што се реализира во Азербејџан

1469169
Продолжува заедничката воена вежба на Турција и Азербејџан „Орел ТурАз 2020“

Продолжува заедничката воена вежба „Орел ТурАз 2020“ („TurAz Kartalı 2020“) која што ја започнаа турските и азербејџанските сили во Азербејџан.

Според објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан, во рамките на воената вежба воени авиони Ф-16 на Турција и на Азербејџан со реализирање на сценарио извршија ноќни и дневни летови и изведоа различни задачи. 

Во рамките на воената вежба, освен учење на можностите за меѓусебно делување беа исполнети задачи како што се активности за пребарување и спасување и уништување на цели на земјата. 

Освен тоа, беа реализирани и задачи за пресретнување на авиони, заштита и офанзива. 



Слични вести