Потпретседателот Октај и министерот за надворешни работи Чавушоглу во посета на Либан

Потпретседателот Фуат Октај и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Бејрут се состанаа со либискиот претседател Мишел Авн, претседателот на Парламентот Небих Бери и со премиерот Хасан Дијаб

1469304
Потпретседателот Октај и министерот за надворешни работи Чавушоглу во посета на Либан
fuat Oktay Lübnan.4.jpg
fuat Oktay Lübnan.3.jpg
oktay lubnanda.jpg
Fuat Oktay Lübnan.1.jpg

Потпретседателот Фуат Октај и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу заминаа во посета на главниот град на Либан, Бејрут.

Октај и Чавушоглу на аеродромот Рефик Харири беа пречекани од страна на либанскиот министер за надворешни работи Чарбел Вехбе, амбасадорот на Турција во Бејрут Хакан Чакил, вработените во амбасадата, претседателот на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) Мехмет Ѓуллуоглу и други високи функционери.

Потпретседателот Фуат Октај и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на посетата на Бејрут го посетија либанскиот претседател Мишел Авн.

Во дадената изјава по оваа посета, потпретседателот Фуат Октај го истакна следното: „На либанскиот претседател Авн му го доставивме тоа дека сме спремни да доставиме поголема помош во храна и медицинска помош и дека ќе продолжиме со тоа. Сите болници и воздушни амбулантни летала на Турција се во услуга на Либан. Рековме дека додека да се крене повторно на нозе пристаништето на Бејрут, нашето пристаниште во Мерсин ќе биде во услуга на Либан. Турција е спремна до крај по прашањето на повторната изградба на пристаништето на Бејрут и околните згради коишто се сериозно оштетени.“

Потпретседателот Фуат Октај и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во Бејрут кадешто во неодамнешната експлозија загинаа 154 лица, а приближно 6 илјади лица се ранети, се состанаа и со претседателот на либанскиот Парламент Небих Бери и со премиерот Хасан Дијаб.

Октај и Чавушоглу по остварените официјални разговори беа во посета и обиколка и на пристаништето кадешто се случи експлозијата и каде продолжуваат активностите за пребарување и доставување помош и од страна екипите на Управата за елементарни непогоди и итно состојби и турската Црвена полумесечина „Кизилај“.

Потпретседателот Фуат Октај во дадената изјава по обиколката во областа, го рече следното: „Видовме дека Турција, турската нација, турскиот народ имаат поразлично место во Либан, видовме дека постои една емотивна врска од срце. На нашите либански браќа им дадовме отоврен цех за тоа дека како Турција овде се наоѓаме со сѐ. Нашата помош (на Либан) во храна, медицински материјали, нашата помош во лекови, пченица, брашно, ќе продолжи и понатаму.“

Октај го додаде и следното: „Ни е доставено дека постои мошне сериозна потреба од стакло и градежни материјали. Рековме дека ќе ја дадеме потребната поддршка во рамките на потребите. Ние како Турција ќе бидеме овде се додека овој простор биде изваден од овој изгед на рушевини и биде доведен во нормална состојба.“



Слични вести