Фахреттин Алтун: Турција се преобрази во угледен привлечен центар во голем број сфери

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун истакна дека Турција постигна мошне сериозен развој од здравството до транспортот, од образованието до безбедноста со што се преобрази во угледен привлечен центар

1469372
Фахреттин Алтун: Турција се преобрази во угледен привлечен центар во голем број сфери

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун говореше на една онлајн манифестација којашто се одржа во соработка меѓу Универзитетот Ибн Халдун, Истанбулскиот технички универзитет и Универзитетот за здравствени науки.

Алтун истакна дека Турција постигна мошне сериозен развој во голем број сфери од здравството до транспортот, од образованието до безбедноста и се преобрази во угледен привлечен центар.

Велејќи дека денешниот свет е многу различен од оној од пред 20 години, Фахреттин Алтун, го рече следното: „Западњачката парадигма која искачувајќи се на врвот во 19-от век се хранеше од експлоатацијата на другите општества, денеска се соочува со еден мошне сериозен предизвик.“

Алтун подвлече дека во значителна мера ја изгубија својата надвласт теориите коишто го позиционираат Западот како супериорен и доминантен субјект. 

„Гледаме дека денеска веќе почна да се променува тој 200 годишен поредок на Западот, кога ги експлоатираше општествата вон Западот.“ - рече Алтун.

Фахреттин Алтун напомена дека Турција и покрај регионалните и глобалните случувања, предизвиците, удолнините и угорнините и превирањата во последните 20 години ја долови можноста за делување во свое име и на своја сметка, а воедно рече дека Турција во сферите на надворешната политика, економијата и безбедноста најпрвин се преобрази во регионална сила, а потоа во глобален актер.

Нагласувајќи дека Турција под лидерство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган постигна мошне сериозен развој во голем број сфери од здравството до транспортот и од образованието до безбедноста со што се преобрази во угледен привлечен центар, шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун додаде дека во процесот на пандемијата на коронавирусоот кога целиот свет плаќа тешки цени Турција даде успешен испит и им достави помош на над 100 земји во светот.



Слични вести