Турција и Малта соопштија дека стабилнста и безбедноста во Либија има големо значење

Треба да се поттикне заедничката соработка, да се вратат малташкие и турските компании во Либија и повторно да започнат авионските летови меѓу Либија, Млта и Турција

1469044
Турција и Малта соопштија дека стабилнста и безбедноста во Либија има големо значење

 

Турција и Малта соопштија дека продолжваат со поддршката на Владата на национално единство во Либија која е призната на меѓународно ниво, потенцирајќи дека военото решение не е решение за кризата во Либија. Стабилноста и безбедноста во Либија имаат големо значење, беше подвлечено во соопштението на двете земји.

Министерството за надворешни работи објави заедничко соопштение во името на Турција, Малта и Либија.

Вчера министрите за надворешни работи на Либија, Малта и Турција одржаа средба во Триполи на која беше разглеана последната состојба во Либија и на која беа разменети мислења за можостите за развјот на односите меѓу трите држави.

Малта и Турција ја поддржуваат Владата на национално единство на Либија која е призната на меѓународно ниво, потенцирајќи дека военото решение не е решение за кризата во Либија. Стабилноста и безбедноста во Либија имаат големо значење, беше подвлечено во соопштението на двете земји.

Во соопштението беше истакнато дека делегациите на трите земји ја изнесоа загриженоста во однос на операцијата Ирини како и недостатоците на операцијата, поради што беше постигнат компромис во однос на следните точки:

„Треба да се поттикне заедничката соработка, да се вратат малташкие и турските компании во Либија и повторно да започнат авионските летови меѓу Либија, Млта и Турција. На средбата беше потенцирано дека илегалните миграции предизвикуваат закана и за Либија, а не само за ЕУ, треба да се зајакнат јужните граници на Либија, а исто така се налага потреба за борба против трговијата со луѓе и шверцот на бегалците. Малата и Турција спремност за поддршка во потребните материјали и опема на Владата на национално единство на Либија во однос на зголемувањето и зајакнувањето на капацитетот на Крајбрежните безбедносни сили на Либија.“



Слични вести