Ердоган: Ќе бидеме покрај Либан во секој поглед, а договорот помеѓу Грција и Египет нема никаква важност

Претседателот Ердоган истакна дека Турција ќе продолжи да стои покрај Либан во секој поглед, а во врска со таканаречениот договор за разграничување на сферите на надлежност во морето постигнат помеѓу Грција и Египет рече дека нема никаква важност

1469010
Ердоган: Ќе бидеме покрај Либан во секој поглед, а договорот помеѓу Грција и Египет нема никаква важност

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од џума намаз (петочната молитва) од Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи (Големата Џамија Аја Софија) даде изјава за претставниците на печатот во врска со актуелниот дневен ред.

Претседателот Ердоган истакна дека Турција нема да го остави сам братски Либан кој беше потресен од силната експлозија којашто се случи на 4 август во пристаништето на главниот град Бејрут, а во која според последни добиени информации загинаа 154 лица и повеќе од 5 илјади лица се ранети.

Велејќи дека во врска со експлозијата во Бејрут се уште не се разјаснети и утврдени сторителите и дека се следат случувањата, Ердоган рече: „Со нашиот воен авион испративме таму различна помош. Меѓу нив има бројна помош којашто би можеле да ја наречеме воена. Заедно со сето тоа имаме испратено помош во сферата на здравството. Исто така имаме испратено помош од видот на теренска болница. Ќе бидеме покрај Либан во секој поглед, со сѐ она што можеме ќе бидеме покрај Бејрут, ќе бидеме и покрај либанскиот народ.“

Претседателот Ердоган направи проценка и на таканаречениот договор за разграничување на сферите на надлежност во морето којшто е постигнат помеѓу Грција и Египет.

„Овој договор постигнат помеѓу Грција и Египет нема никаква важност.“ - рече Ердоган.

Тој истакна дека со одлучност продолжува и ќе продолжи постигнатиот договор со Либија.

„Ние овде, особено во сферите на надлежност во морето не чувствуваме ниту потреба да разговараме за тоа со оние кои немаат никакво право овде. Германската канцеларка Ангела Меркел ме замоли велејќи 'Ако ги сопрете овдешниот активности за дупчење-сондажа ќе ми ја олесните работата'. И јас и реков 'Ако вие им верувате на Грција и на другите ние ќе направиме пауза за 3-4 недели. Меѓутоа, Јас не им верувам на овие. Ќе видите тие нема да го одржат својот збор.' Впрочем, така и стана. Ние, во меѓувреме, од Грција нивниот министер за надворешни работи, советниците започнаа трилатерални разговори меѓу Германија-Грција-Турција. што ќе стане сега кога не стоеја на својот збор? ние веднаш ги започнавме активностите за дупчење (сондажа). Го испративме на задача и Барбарос Хајреттин. Не стојат на своите зборови.“

 



Слични вести