Во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак загина еден безбедносен чувар

Министерството за национална одбрана соопшти дека во вооружен судир со терористите во подрачјето на операцијата  „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) на северот на Ирак стана шехид (загина) еден безбедносен чувар

1467806
Во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак загина еден безбедносен чувар

Во операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто продолжува да се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, стана шехид (Загина) еден безбедносен чувар.

Министерството за национална одбрана соопшти дека во вооружен судир со терористите во подрачјето на операцијата  „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) беше ранет еден безбедносен чувар кој веднаш беше префрлен на лекување во болница, но и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и го загуби животот (стана шехид).



Слични вести