Турската крајбрежна стража од Егејското Море кај Дикили и Карабурун спаси 82'јца турнати мигранти

Турската крајбрежна стража во Егејското Море кај Дикили и Карабурун во близина на градот Измир спаси 82'јца мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води

1467971
Турската крајбрежна стража од Егејското Море кај Дикили и Карабурун спаси 82'јца турнати мигранти

Турската крајбрежна стража во Егејското Море кај населените места Дикили и Карабурун во близина на градот Измир спаси 82'јца мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води.

Според објавеното соопштение од Командата на турската крајбрежна стража, по добиени информации за група мигранти качени на гумен чамец во морето во близина на населеното место Дикили на местото на настанот е испратен чамец на крајбрежната стража.

Притоа екипите на турската крајбрежна стража спасија 42 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води.

Турската крајбрежна стража спаси 40 мигранти качени на гумен чамец и во близина на населеното место Карабурун, а кои исто така од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води.

Спасените 82'јца мигранти беа предадени на Дирекцијата на Управата за миграција во Измир.



Слични вести