Сочувство од Турција до Јемен за загинатите во поплавите во оваа земја

Министерството за надворешни работи на Турција објави порака со сочувство во врска со катастрофата од поплавите во областа Мариб, во Јемен

1467956
Сочувство од Турција до Јемен за загинатите во поплавите во оваа земја

Турција го изрази своето сочувство до Јемен за жртвите во поплавите коишто ја погодија областа Мариб на оваа земја.

Министерството за надворешни работи на Турција објави порака со сочувство во врска со катастрофата од поплавите во Јемен.

Во пораката на Министерството се истакнува следното: „Со жалење е дознаено за големиот број човечки загуби и причинетата тешка материјална штета во поплавите коишто ја погодија областа Мариб во Јемен.“

Во пораката им се посакува милост од Аллах на загинатите во оваа елементарна непогода, се изразува сочувство до пријателскиот и братски јеменски народ, а на повредените им се посакува побрзо оздравување.



Слични вести