Медицинска помош од Турција на Аргентина

Амбасадорот на Турција во Буенос Аирес Шефик Вурал Алтај им предаде на функционерите на болницата Ел Дике во Ла Плата, престолнината на покраината Буенос Аирес, 200 илјади хируршки маски коишто и беа испратени на Аргентина

1467998
Медицинска помош од Турција на Аргентина

Медицинската помош испратена од страна на Турција на Аргентина во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), им е предадена на функционерите на оваа латиноамериканска земја.

Амбасадорот на Турција во Буенос Аирес Шефик Вурал Алтај им предаде на функционерите на болницата Ел Дике во Ла Плата, престолнината на покраината Буенос Аирес, 200 илјади хируршки маски коишто и беа испратени на оваа земја.  

Турскиот амбасадор Шефик Вурал Алтај пред предавањето на испратените маски на функционерите на болницата се состана со шефот на кабинетот на покраината Буенос Аирес Карлос Бианко.

Во оваа пригода, амбасадорот Алтај привлече внимание дека пандемијата претставува проблем за којшто постои потреба од глобално решение и го рече следното: „Можеби физичкото растојание (оддалеченоста) помеѓу Турција и Аргентина е голема, меѓутоа нашите срца се со вас. Ја поддржуваме борбата што ја водите. Во тие рамки, би биле радосни да направиме и повеќе од тоа коешто би можеле да го направиме.“

Потсекретарката за меѓународно односи на покраината Буенос Аирес Викторија Анадон, исто така се осврна на солидарноста помеѓу двете земји и ја достави својата благодарност до Турција за испратената помош. 

Инаку, Во Аргентина кадешто во последните денови епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) достигна до највисоко ниво, досега се регистрирани повеќе од 4 илјади смртни случаи и над 213 илјади заразени од вирусот.



Слични вести