Испратената медицинска и хуманитарна помош од Турција за Либан пристигна во Бејрут

На инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Турција по завчерашната силна експлозија во либанскиот главен град Бејрут испрати материјали за медицинска и хуманитарна помош, како и персонал за пребарување и спасување во оваа земја

1467855
Испратената медицинска и хуманитарна помош од Турција за Либан пристигна во Бејрут
20200805_2_43764869_57236340.jpg
Lübnan.jpg

Воениот карго авион во сопственост на Турските вооружени сили (ТВС) натоварен со материјали за медицинска и хуманитарна помош, како и персонал од Турција слета во главниот град на Либан, Бејрут.

На инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Турција по завчерашната силна експлозија во либанскиот главен град Бејрут, испрати материјали за медицинска и хуманитарна помош, како и персонал за пребарување и спасување во оваа земја.

Материјалите за помош подготвени од страна на Министерството за здравство, Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) и турската Црвена полумесечина „Кизилај“ на воениот аеродром Етимесгут во Анкара беа натоварени на воениот карго авион од типот А 400М и беа испратени во Либан.

За Бејрут; од страна на Министерството за здравство се испратени персонал на Националната медицинска екипа за спасување (УМКЕ) од 21 лице, 2 единици за итна интервенција, 3 шатори за сместување на персоналот, лекови и медицински материјали; од страна на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) персонал екипа од 10 члена, опрема и едно возило за спасување; од страна на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ персонал екипа од 3 лица, екипа за пребарување и спасување и медицински материјали и хуманитарна помош наменета за настраданите.

Во меѓувреме, шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „Стоиме покрај нашите либански браќа. Ги споделуваме нивните болки, помагаме онолку колку што можеме за да бидат санирани нивните рани. Нашата помош на нашите либански браќа им ја доставуваме со нашиот авион Коџа Јуфус. Нашата држава и нашиот народ се големи. Стоиме во услуга на мирот, спокојството и стабилноста.“

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик исто така во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна: „Раката за помош на нашиот голем народ пристигна до нашите либански браќа. Нека е здрав нашиот народ. Нека е жива нашата држава.Нашиот авион по име Коџа Јусуф ги достави до Либан поздравот и помошта на нашиот народ. Порака на нашиот претседател пристигна до нашите либански браќа. Турција никако нема да го остави сам Либан.“

Инаку, завчера приквечер во магацинот број 12 во пристаништето на либанскиот главен град Бејрут најпрвин дојде до пожар, а потоа и до многу силна експлозија од којашто беше затресен целиот главен град.

Во оваа силна експлозија загинаа голем број лица, голем број се ранети, а десетици лица се уште се наоѓаат затрупани под рушевините или се водат како исчезнати.



Слични вести