Чавушоглу: Хафтар не верува во политичко решение и секој момент може да изврши напад

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија пучистот Халифа Хафтар не верува во политичко решение и предупреди дека секој момент би можел да изврши напад

1468363
Чавушоглу: Хафтар не верува во политичко решение и секој момент може да изврши напад

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за надворешни работи на Малта Еварист Бартоло остварија заедничка работна посета на Либија кадешто во Триполи беа примени кај либискиот премиер Фајез ал-Сараџ.

На средбата која се одржа во зградата на Претседателскиот совет во Триполи беше разговарано за последните случувања по прашањето на кризата во Либија и чекорите коишто ќе бидат фрлени во правец на политичко решение на кризата.

По остварените средби и разговори во Триполи, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу предупреди дека пучистот Хафтар кој не верува во политичко решение во Либија секој момент би можел да изврши напад.

„Ѝ треба да се поддржи Либија, ѝ треба да се воспостави соодветна соработка по ова прашање меѓу европските земји и Либија. Заедно со Малта разговаравме за тоа.“ - рече Чавушоглу.

Нагласувајќи дека Либија очекува услуга и дека под итно треба да и се обезбедат основните потреби, Мевлут Чавушоглу рече: „Треба да се обезбедат бројни услуги како електрична струја, вода, хигиена, градски превоз. Ние и даваме поддршка на Либија по овие прашања. Што би можеле да направиме по прашањето на економскиот развој, и во оваа смисла како би можеле да ги развиеме нашите односи? Во минатото овде нашите фирми имаат инвестирања, има недовршени инвестирања, средства коишто треба да се исплатат. Идната недела една делегација ќе ја посети Турција. Во рамките на решението разговаравме и за сето тоа.“

Чавушоглу напомена дека водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар се уште не верува во политичко решение и предупреди дека секој момент би можел да изврши напад. 

Тој воедно предупреди дека Хафтар и неговите поддржувачи реализираат подготовки во таа насока.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу додаде дека операцијата "Ирини" пак којашто се води со цел да се спречи испораката на оружје на Либија од море е операција за поддршка на Хафтар и неговите поддржувачи и Европската унија (ЕУ) се користи како средство.



Слични вести