Турски „Кизилај“ испраќа екипа за хуманитарна помош во Либан по експлозијата во Бејрут

Според објавеното соопштение од турската Црвена полумесечина „Кизилај“, четири члената екипа во која се наоѓа и лекар специјалист по итна медицина ќе тргне на пат за Либан денеска

1467634
Турски „Кизилај“ испраќа екипа за хуманитарна помош во Либан по експлозијата во Бејрут

Турската Црвена полумесечина „Кизилај“, по експлозијата до којашто дојде во еден магацин во пристаништето на либанскиот главен град Бејрут и во која загинаа повеќе од 100 лица, а над 4 илјади лица се ранети, испраќа екипа за хуманитарна помош во оваа земја.

Според објавеното соопштение од турската Црвена полумесечина „Кизилај“, четири члената екипа која ќе тргне на пат за Либан и во која се наоѓа и лекар специјалист по итна медицина со материјалите за итна медицинска помош ќе му достават поддршка на народот во областа. 

Турски „Кизилај“ ги заврши и своите подготовки за нови испораки согласно потребите и со својата екипа која ќе пристигне во областа ќе делува заеднички со либанскиот Црвен крст во активностите коишто се водат во областа на експлозијата.

Претседателот на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ д-р Керем Киник истакна дека Турција и турски „Кизилај“ секогаш се спремни да ја подадат својата рака за помош на оние кои имаат потреба од помош.



Слични вести