Француски „Фигаро“: „Според Ердоган, соработката со Либија ќе го растури Договорот од Севр“

Ердоган со либискиот премиер Сараџ повторно ја обликуваа картата на Медитеранот

1467277
Француски „Фигаро“: „Според Ердоган, соработката со Либија ќе го растури Договорот од Севр“

Францускиот весник „Фигаро“ објави вест во која истакна дека „Според (претседателот Реџеп Тајип) Ердоган, соработката со Либија ќе го растури Договорот од Севр со кој по Првата светска војна беше распарчана Османлиската Империја.“

Во веста под наслов „Освојувачот Ердоган“ се истакнува дека претседателот Ердоган се споредува со султанот Мехмет Втори Освојувачот кој сака силата на Турција да ја пренесе преку границите исто како султанот Мехмет Втори Освојувачот во минатото. На тој начин Ердоган сака да ја поврати гордоста на Турција.

Во веста се истакнува дека Ердоган со либискиот премиер Сараџ повторно ја обликуваа картата на Медитеранот и беше изнесено тврдењето дека откако западните сојузници го напуштија Сараџ тој беше принуден да се договори со Ердоган.

Според Ердоган новиот Договор за воена и енергетска соработка со Либија ќе го растуреше Договорот од Севр од 1920 година со кој беше распарчана Османлиската Империја.



Слични вести