Чавушоглу: Во експлозијата во Бејрут се ранети 6 мина турски државјани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека во експлозијата до којашто дојде вчера приквечер во либанскиот главен град Бејрут се ранети и 6 мина турски државјани од кои 5 мина полесно и еден се опоравува по операцијата

1467542
Чавушоглу: Во експлозијата во Бејрут се ранети 6 мина турски државјани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека во експлозијата до којашто дојде вчера приквечер во либанскиот главен град Бејрут се ранети и 6 мина турски државјани.

Чавушоглу во својата објава напиша: „Бројот на нашите ранети државјани во експлозијата во Либан (од двајца) се зголеми на 6 лица. 5 мина се полесно ранети, а му се подобрува здравствената состојба и на еден наш државјанин кој е опериран. Сме во контакт и со нивните семејства.“

Инаку, вчера приквечер во пристаништето во Бејрут се појавил пожар во магацинот број 12 во кој се наоѓале експлозивни материјали, а потоа дојде до мошне силна експлозија со којашто беше потресен целиот либански главен град Бејрут. 

Либански функционери соопштија дека 2.750 тони амониум нитрат којшто бил чуван во магацин во текот на 6 години експлодирал за време на неговата испорака за една земја во Африка.

Либанскиот Црвен крст соопшти дека бројот на загинатите во силната експлозија во Бејрут се зголеми на 100 лица, а 4 илјади лица се ранети.



Слични вести