Чавушоглу разговараше телефонски со својот либански колега Вехбе за експлозијата во Бејрут

Двајцата шефови на дипломатии, Чавушоглу и Вехбе во телефонскиот разговор се осврнаа на експлозијата до којашто дојде вчера во главниот град на Либан, Бејрут

1467536
Чавушоглу разговараше телефонски со својот либански колега Вехбе за експлозијата во Бејрут

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со либанскиот министер за надворешни работи Шербел Вехбе.

Двајцата шефови на дипломатии, Чавушоглу и Вехбе во телефонскиот разговор се осврнаа на експлозијата до којашто дојде вчера во главниот град на Либан, Бејрут.

Инаку, вчера во вечерните часови во пристаништето во либанскиот главен град Бејрут дојде до силна експлозија.

Либанскиот Црвен крст соопшти дека во експлозијата загинаа 100 лица, а 4 илјади лица се ранети.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор и со италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.

Според добиени информации од дипломатски извори, во телефонскиот разговор помеѓу Чавушоглу и Ди Мајо беа разгледани прашања посветени на Либија, Источниот Медитеран и Европската унија (ЕУ).



Слични вести