Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција достигна до 219.506 лица

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 19 лица, дијагностицирани се 1.178 новозаразени лица, а оздравеа уште 1.015 пациент; Досега починаа вкупно 5.784 лица, инфектирани се 236.112, а оздравеа вкупно 219.506 лица

1467705
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција достигна до 219.506 лица
ankara turkiye kovid.jpg

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 19 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 5.784 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 53.842 тестирања од кои се дијагностицирани 1.178 новозаразени лица, додека вкупниот број на регистрирани случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19) изнесува 236.112 лица.

Со отпуштање од болница на уште 1.015 излекувани, вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 219.506 лица.



Слични вести