Започната нова операција против терористите на ПКК во подрачјето на Ерух кај градот Сиирт

Турските безбедносни сили започна нова операција против терористите на ПКК во подрачјето на населеното место Ерух, кај градот Сиирт

1466607
Започната нова операција против терористите на ПКК во подрачјето на Ерух кај градот Сиирт

Турските безбедносни сили започнаа нова операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во руралното подрачје на населеното место Ерух кај градот Сиирт, во југоисточниот дел на земјата.

Во објавеното соопштение од губернијата на Сиирт се истакнува дека од страна на градската команда на жандармеријата е започната операција со цел неутрализирање на терористите на ПКК, фаќање на нивните соработници и уништување на нивните засолништа, скривници и складишта, а за кои се проценува дека се наоѓаат во подрачјето кое спаѓа под одговорност на командата на жандармеријата во населеното место Ерух.

Во соопштението се истакнува дека со цел да се одбрани животната и имотната безбедност на граѓаните во наведеното подрачје до објавување на второ соопштение почнувајќи од 09:00 часот утрово по турско време е прогласена забрана за излегување на улица (движење) во селата Дадакли, Донердовер, Дагдошу, Ѓулбурну и Озлупелит.

Во истото соопштение се подвлекува дека е од големо значење да се почитува оваа забрана.



Слични вести