Шентоп: Никако нема да се дозволи Ерменија да ги постигне своите цели против Азербејџан и Турција

Турција соопшти дека никако нема да се дозволи Ерменија да ги постигне своите цели и аспирации коишто ги гаи против Азербејџан и Турција

1466627
Шентоп: Никако нема да се дозволи Ерменија да ги постигне своите цели против Азербејџан и Турција

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп ја побара по телефон претседателката на Националното Собрание на Азербејџан Сахиба Гафарова на која и го честита муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам.

Шентоп во оваа пригода ја нагласи поддршката на Турција против нападите коишто се реализираат во последно време од страна на Ерменија против Азербејџан.

Шентоп напомена дека освен претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и Тој лично даде изјави против последните реализирани напади од страна на Ерменија со коишто се порекнува правото, а воедно истакна дека на најсилен начин е презентирано братството помеѓу Турција и Азребејџан пред целиот свет.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп додаде дека заедничката воена вежба на Турција и Азербејџан којашто продолжува со учество на воздушните и копнените елементи на двете братски земји, претставува најконкретен показател за тоа дека Турција стои покрај Азербејџан.

Привлекувајќи внимание и кон стратешкиот документ за национална безбедност објавен од страна на Ерменија, Шентоп појасни дека во овој документ се изнесува непријателски став ѝ против Азеребејџан ѝ против Турција, а воедно се повторуваат оние досега познати неосновани тврдења.

„Никако нема да се дозволи Ерменија да ги постигне своите цели и аспирации против Азербејџан и Турција“ - порача претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп.

Претседателката на Националното Собрание на Азербејџан Сахиба Гафарова исто така истакна дека Ерменија нема своја цел само во Нагорно Карабах, туку има уште поголеми планови.

"Турско-азербејџанското братство не е само против Ерменија, туку е братство против целиот свет." - констатира Сахиба Гафарова.

Велејќи дека на чело на турскиот свет се наоѓа Турција, Гафарова напомена дека ова единство и братство е над сѐ. 

Во телефонскиот разговор беше нагласено дека исти се целите и желбите и на претседателите на двете братски земји, Турција и Азербејџан. 



Слични вести