Реакција од Министерството за национална одбрана против управата на Абу Даби

Министерството за национална одбрана реагираше на соопштението на МНР на Бахреин во врска со одговорот што министерот Хулуси Акар го даде на поставените прашања во интервјуто објавено на телевизискиот канал Ал Џезира на 31 јули 2020 година

1466467
Реакција од Министерството за национална одбрана против управата на Абу Даби

Министерството за национална одбрана соопшти дека управата на Абу Даби води активности за дестабилизација на областите како што се Сирија, Либија, Јемен и Африканскиот рог.

Во објавеното соопштение од Министерството за истакнува дека објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Бахреин во врска со одговорот што министерот за национална одбрана Хулуси Акар го даде на поставените прашања во интервјуто објавено на телевизискиот канал „Ал Џезира“ на 31 јули 2020 година, не ги изнесува вистините.

Во соопштението на Министерството за национална одбрана се вели следното: „Активностите коишто ги води управата на Абу Даби за дестабилизација на областите како што се Сирија, Либија, Јемен и Африканскиот рог, прекршувајќи ги притоа универзалните правила и моралните вредности на чело со конвенцијата на Обединетите нации (ОН), да се окарактеризираат како 'конструктивни' и праведната реакција којашто ја покажуваме против нив да се прикажува како реакција против нашите арапски браќа, претставува несреќна околност и залуден обид. Арапскиот народ е наш пријател и ние сме браќа. Управата на Абу Даби и управите од чија страна се поддржува ги повикуваме на здрав разум. Не би сакале да ги потсетиме бахреинските функционери за сето она што го направија во поблиско минато државите и народите кои денеска се покрај нив. Регионалниот мир, стабилноста и безбедноста би можеле да се одбранат со заземање место покрај правото и легитимноста, а не покрај пучистите.“

Во соопштението се потсетува дека Турција располага со заедничка историја и култура, заедничко разбирање и верување со Либија со минато од 500 години и се нагласува дека Турција се раководи со принципот „Либија им припаѓа на Либијците.“ 

Исто така се подвлекува дека целта на Турција е под водство на Владата на национално единство да се воспостави територијалниот интегритет и националното единство на независна, суверена и просперитетна Либија која ќе ги опфати сите Либијци.

„Турција се наоѓа во Либија во рамките на поканата на Владата на национално единство која е лигитимно призната и од страна на Обединетите нации (ОН), како и потпишаните билатерални договори во согласност со меѓународното право. Турција со одлучност ќе продолжи да и дава воена обука како и да и доставува помош и консултантска поддршка на Владата на национално единство.“ - се вели во соопштението на Министерството за национална одбрана.



Слични вести