Ердоган оствари телефонски разговори со Џаферовиќ и Тачи

Во рамките на меѓусебните честитки за празникот Курбан Бајрам на лидерите, беа разменети и мислења за унапредување и развој на билатералните односи како и регионалната соработка

1466243
Ердоган оствари телефонски разговори со Џаферовиќ и Тачи

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговори со претседателот на трипартитниот претседателски совет на Босна и Херцеговина Шефик Џаферовиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Дирекцијата за комуникации при претседателството беше истакнато дека во рамките на меѓусебните честитки за празникот Курбан Бајрам на лидерите, беа разменети и мислења за унапредување и развој на билатералните односи како и регионалната соработка.



Слични вести