Француски „Монд“: „Ердоган се свети за Севр“

Ердоган и ал-Сараџ ќе потпишат незаборавен договор за менување на стратешката игра во Северна Африка и Медитеранот

1466152
Француски „Монд“: „Ердоган се свети за Севр“

 

Францускиот весник „Монд“ објави напис во кој истакнува дека „Претседателот Реџеп Тајип Ердоган се свети за Севр“.

„Монд“ во веста под наслов „Осветата на Ердоган од Севр по сто години“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган и либискиот премиер Фаиз ал-Сараџ ќе потпишат незаборавен договор за менување на стратешката игра во Северна Африка и Медитеранот, поради што чувствуваат потреба од импозантно и историско место.

Во веста се истакнува дека најимпозантно место за тоа е сарајот Долмабахче во Истанбул и се додава дека Ердоган и Сараџ од ноември 2019 до 20 февруари 2020 година одржаа 4 средби во врска со договорот.

„Владата на Триполи, наспроти турската воена и логистичка поддршка на Либија го прифати начелото за поморски ограничувања на „Анкара за задоволување на целите во Источниот Медитеран“. Претседателот Ердоган по втората средба со Сараџ на 16 декември 2019 во сарајот Долмабахче, рече дека благодарение на овој договор го расипавме Договорот од Севр. Ердоган мисли дека се реваншира за Договорот од Севр“ истакнува весникот.

Во веста меѓудругото се потенцира дека ЕУ и САД  во борбата против ДЕАШ (ИСИЛ) во Сирија ја поддржува (сепаратистичко) терористичката организација ЈПГ/ПКК.

По неуспешниот обид за државен удар на Фетулахистичката терористичката организација (ФЕТО) на 15 јули 2016 година, Турција на границата со Сирија води интензивна борба против (сепаратистичко) терористичката организација ПКК.

„Ердоган по неуспешниот обид за државен удар, пред екстремните десничарски партнери рече дека проблемот е да се избегне новата замка на новиот Договор од Севр.

И отворањето на џамијата Аја Софија Кебир Шерифи на 24 јули не е случајност, бидејќи овој датум се поистоветува со 97-та годишнина од Договорот во Лозана“ истакна весникот.



Слични вести